Три децении со Театарот за деца и младинци

75

На денешен ден во 1990 година со претставата „Чудовиштата од нашиот град“ почна
со работа Театарот за деца и младинци – единствениот специјализиран
професионален театар посветен на детската театарска продукција.

– Три децении исполнети со многубројни детски насмевки, рекордни
изведби на претстави, награди и меѓународни признанија, соопшти
денеска Театарот за деца и младинци.

По повод 30-годишниот јубилеј, од Театарот информираат дека
изработиле монографија во која е сумиран три деценискиот развој на овој
театар.

Како што посочуваат, монографијата заедно со останатите активности по
повод роденденот, ќе бидат поместени за друга прилика.