Тренерското столче за Емери

67

Раководните лица на италијанскиот калчолигаш Фиорентина сакаат клубот во новата сезона да биде трениран од трофејниот шпански стручња, Унаи Емери. Шпанецот се уште е без ангажман после отказот кој го доби од челниците на лондонскиот премиерлигаш Арснал, но потврди дека сака да се врати во тренерските води пред почетокот на следната сезона. Челниците на Фиорентина се убедени дека Емери ќе прифати годишна плата од 4.5 мил. евра и ќе се пресели во Фиренца.