Тој е човек на 21 век, ама е длабоко убеден дека местото му е во викторијанската ера

174

Мајкл Коропиш, иако вклапане во милениумскиот век, одлучил да живее во викторијанската ера, во деветнаесеттиот век. Коропиш, кој е инаку професионален портретист, настојува на живот во минатото и се облекува само во викторијанска облека од тоа време, а домот му е преиреден со антиквитети од тој период, објави метро.ук.

Мајкл пишува со перо и мастило, одбива да гледа телевизија и насекаде користи велосипед како превозно средство. Живее сам и нема девојка. На улица често го загледуваат чудно, семејството и пријателите го осудуваат, ама тој не сака да живее поинаку.

„Се сеќавам, во детството, видов шапка цилиндер на продажба во излогот на една продавница и ја замолив мајка ми да ми ја купи. Го посветив целиот свој живот на таа ера и потрошив десетици илјади евра на облека и мебел – немам буџет за својата страст кон историјата, објаснил Мајк.

Пријателите и семејството не го споделуваат неговиот интерес и начинот на кој избира да го живее својот живот, ни нему тоа не му е ни важно.

Тој тврди дека неговата љубов кон минатото почнала додека во основно училиште ја проучувал викторијанската ера, иако неговиот брат Боб очајнички се обидувал да го убеди заедно да играат фудбал.

Мајкл Коропиш додал и дека повеќето луѓе на часот ја доживувале историјата како здодевен предмет, ама дека тој вистински се поврзал со неа, чувствувал како навистина да ја разбира и дека разбира какви биле луѓето во тоа време.

„Откако ја истражив ерата и каков бил животот тогаш, почнав и својот живот да го засновам на тоа. Обожавам сѐ од тој период – модата, моралот, естетиката на мебелот, па дури и музиката, навел тој.

„Голем џентлмен сум и секогаш сум пристоен. Луѓето секогаш ми велеа дека сум пристоен уште од детството. Чувствувам лош хумор или што било валкано во разговорот и никогаш не се колнам. Слушам само музика напишана пред 1900 година и посетувам опера повеќепати годишно, дури имам сопствена ложа. Свирам клавир со високи стандарди затоа посебно се однесувам кон музиката, објаснил Коропиш.

Младичот нема искоментирано ништо поврзано со тоа дали неговите погледи на медицината, расизмот и сексуалноста се викторијански. Меѓутоа, сака да разговара за тоа зошто му е толку важно да носи облека од изминати времиња, објаснувајќи дека луѓето се толку „разгалени“ со масовното производство облека па тоа што го носат, за жал, повеќе не е „начин на промовирање на нечиј статус или богатство“.

„Ја трошам ЦЕЛАТА СЕДМИЧНА плата  на капути, а просечната старост на мојата облека е од 120 години. Моите најскапи парчиња се НАМЕТКА И кошула за спиење, кои ги набавив во Германија и кои чинеа повеќе од 800 евра, изјавил тој за порталот метро.ук

Мајкл постепено ја претвора својата куќа во викторијански стил, досега веќе ја има обновено спалната соба со газиени лампи, со дедовиот ѕиден часовник и со грамофон. Тој вели дека преуредувањето на спалната соба го чинело околу 10.000 евра.

„Во моментот не сум во врска, ама можам да ве уверам дека не сум непожелен. Јас сум еден од најпосакуваните ергени во подалечната околина. Кога ќе одлучам да се женам, повеќе би сакал некој покрај мене – дама која носи корсет и пердуви во шапката и која би можела да ме придружува со своето пеење додека свирам на клавир до доцна навечер“.

Тој вели дека кариерата на уметник му е поважна од љубовта, дека секој ден го минува размислувајќи на нови идеи, слика и креативно твори.

„Немам никогаш вишок време да размислувам за своите емоции. Но, кога ќе дојде време за тоа, знам дека ќе бидам совршен сопруг. Како штпо сѐ што правам го засновам на викторијанската ера, така би сакал да имам жена да го сподели со мене тоа еден ден“, заклучува младичот.