Младиот фудбалер на Работнички, Давид Тошевски (19), во нардената сезона ќе ги брани боите на руски Ростов, иако за неговиот потпис „војна“ водеа уште неколку европски клубови, меѓу кои и Интер од Милано и Лил од Франција.

Инаку, овој трансфер, кој во наредните неколку часа ќе биде официјализиран, ќе биде најголем во историјата на македонската Прва лига.

Според информациите кои ги добивме од Тошевски, трансферот ќе изнесува вкупно три милиони евра, од кои еден милион ќе легнат на сметката на Работнички.

  • Точно е потпишувам за неколку часа. Станува збор за трансфер кој вреди три милиони, од кои еден милион ќе биде за Работнички. Што се однесува до моите примања во новиот клуб, тие ќе изнесуваат два милиони за пет години во клубот, откри Тошевски за ВЕЧЕР.