Топол пунч за свежи доцноесенски вечери

101

Заедно со вареното вино, пунчот е еден од најпопуларните алкохолни пијалаци за студените денови.

Потребно е:

  • 2 портокали
  • 4 лажици кафеав шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • ½ лажиче цимет
  • 2-3 каранфилчиња
  • 1л црвено вино
  • 20 мл рум

Приготвување:

Изрендајте ја кората од портокалот и исцедете го сокот, па измешајте ги со сите состојки освен румот.

Загревајте постепено додека течноста не достаса до граница на вриење.

Тргнете го напитокот од оган, процедете го, и на крајот сипете го во чаши и во секоја додадете по малку рум.

Украсете ги чашите со парчиња портокал.