Освежителен десерт со слаб киселкаст вкус на малини и неодолив чоколаден крем. Колачот доаѓа од Сиена, Италија, а самиот збор припаѓа на венецијанскиот дијалект (tiramesù), а во превод значи „подигни ме“ (расположи ме).

Потребни состојки:

за кремот:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер во прав
  • 450 г малини
  • 500 г маскарпоне сирење
  • 1 големо пакување пишкоти
  • 300 мл сварено јако еспресо кафе
  • 3 лажици мараскино ликер или рум

за чоколадниот крем:

  • 200 мл павлака за готвење
  • 100 г бело чоколадо
  • 200 г црно чоколадо

Подготовка:

– Во еден сад изматете ги жолчките со шеќерот во прав. Додадете го маскарпоне сирењето и измешајте убаво.

– Во друг сад изматете ги белките во густ шлаг и полека додадете ги во изматените жолчки. Полека измешајте со дрвена лажица.

– За чоколадниот крем загрејте ја павлаката за готвење и во неа растопете го и белото и црното чоколадо. Оставете да се излади.

– Сварете го еспресо кафето и додадете го мараскино ликерот или румот во него.

– Пишкотите натопете ги во кафете и наредете ги во тава.

– Над пишкотите нанесете го чоколадниот крем, а над него наредете ги малините (ако се многу кисели претходно валкајте ги во 2-3 лажици шеќер во прав).

– На крај целиот колач прекријте го со кремот од маскарпоне.

– Повторете ја истата постапка додека не ги потрошите сите состојки. На крај треба да завршите со кремот од маскарпоне и искапете со чоколадниот крем.

– Колачот ставете го фрижидер да се излади и потоа исечете го на коцки и послужете.

Уживајте во вкусот!