Екипата на Бостон предводена од Џејсон Тејтум кој запиша дабл-дабл славеше против Далас со 125:112. Тејтум мечот го заврши со 37 поени и 13 скока, а помогнат од Браун (31 поен), го засенија новото одлично издание на Лука Дончиќ. Словенечкиот плејмејкер беше близу до троен ефект со 42 поени, девет асистенции и осум скока. За Маверикси ова беше втор пораз во низа, додека Бостон се врати на победничкиот колосек.

Резултати: Оклахома – Денвер 126:131.  Голден Стејт – Клиперси 124:107, Шарлот – Филаделфија 107:101, Кливленд – Портланд 114:96, Атланта – Сакраменто 115:106, Мајами – Вашингтон 113:105. Индијана – Минесота 101:115, Торонто – Бруклин 98:112, Милвоки – Чикаго 113:118, Сан Антонио – Њу Орлеанс 110:129, Јута – Детроит 116:125.