Тешко повредена работничка во Скопје

266

Со тешки телесни повреди се здобила Т.П.(64) од Скопје додека извршувала работни задачи во фирма на подрачје на Кисела Вода.

Како што соопшти МВР, Т.П. била донесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди.

Од полициски службеници од СВР Скопје бил известен Трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.