epaselect epa10284110 Novak Djokovic of Serbia in action during his match against Karen Khachanov of Russia at the Rolex Paris Masters 2022 Tennis Tournament in Paris, France, 03 November 2022. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Шпанскиот тениски стручњак Тони Надал е свесен за позицијата во која се наоѓа неговиот внук Рафаел Надал, но не се сомнева дека неговиот поранешен ученик ќе направи се за да го освои трофејот на вториот грен слем турнир годинава Ролан Гарос.

-Не разговарав со него за можно повлекување. Тоа е моја претпоставка, но во моментов нема намера да се пензионира“, изјави Тони Надал, кој неодамна кажа дека верува оти грен слемот во Париз може да биде последен за Рафа во кариерата.

Потоа се осврна на борбата на Надал со Новак Ѓоковиќ за превласт кога е во прашање бројот на освоени трофеи на четирите најголеми турнири. Шпанецот и Србинот во моментов се изедначени со по 22 трофеи.

-Новак е навистина тешко да се победи, бидејќи е посвеж. Се надевам дека Рафа ќе има шанса на Ролан Гарос, на неговиот турнир. Ќе видиме што ќе се случи по Париз. На крајот на краиштата, тешко е да се натпреваруваш против голем шампион како Ѓоковиќ. Сега не се работи за победа на овој или оној турнир, туку за продолжување на борбата. Сè што треба да направи е да продолжи да го прави она што го сака, она на што е навикнат уште од мали нозе, изјави Тони.

Тој не се сомнева во својот внук и покрај очигледните здравствени ограничувања.

„Тој треба да ја искористи секоја можност за да го освои трофејот. Знаејќи дека неговата кариера е веќе извонредна, тој е подготвен за овој последен напор“, истакна шпанскиот тренер.

Надал освои рекордни 14 трофеи на Ролан Гарос и моментално се опоравува од повредата здобиена на Австралија Опен.