Иран денеска објави дека ниту еден кибер-напад врз Исламската република никогаш не успеал, откако американските медиуми објавија дека САД извршиле таков напад минатата недела, во услови на несогласување помеѓу двете земји.

„Медиумите се прашуваат за веродостојноста на наводниот кибер напад врз Иран. Ниту еден успешен напад не е направен од нив, иако тие вложуваат многу напори”, објави министерот за телекомуникации Мохамед Џавад Азарири Јахроми на Твитер.

Американски медиуми објавија во саботата дека Вашингтон извршил кибер напади против иранскиот систем за ПВО и шпионска мрежа, денови откако Техеран собори американски шпионски дрон.