ТВ серија за „Секс пистолс“ во режија на Дени Бојл

75

Британскиот режисер Дени Бојл, познат по филмовите „Slumdog Millionaire“ и „Trainspotting“, ќе ја режира и продуцира ТВ-серија за еден од најпознатите панк бендови на сите времиња „Секс пистолс“.

Серијата е заснована на мемоарите на гитаристот Стив Џонс кој ќе биде претставен од Тоби Валас, Енсон Бун ќе го глуми фронтменот Џони Ротен, а Луис Партриџ ќе биде покојниот басист Сид Вишус.

Снимањето треба да започне во март за американската ТВ-мрежа FX, a предвидено е мини серијата да има шест епизоди.

Групата е формирана во Лондон во 1975, траела само две и пол години и снимила само четири синглови и еден студиски албум, Never mind the bollocks: Here’s the Sex Pistols, кои се сметаат за едни од највлијателните во историјата на популарната музика. Тие се инспирацијата на многу музичари од панк и алтернативниот рок. Нивниот сингл од 1977 „Господе, чувај ја кралицата“ (God Save the Queen) го нападнал британското општоприфатено општествено однесување и почитта кон кралството.