Неодамна излезе снимка како 53 – годишниот Мајк Тајсон тренира со што го најваи своето враќање во рингот, но во хуманитарни цели и го фасцинираше светот, особено љубителите на боксот.

„Челичниот Мајк“ е во педесетите години и за чудо е во врвна форма. Но, не беше така пред неколку години. Откри дека благодарение на новиот режим на исхрана загубил повеќе од 60 килограми.

-Луѓето се она што јадат. Јас не јадам леб, компири, никакви јагленихидрати, ништо што има калории. Јадам работи со најмалку калориикако боровница и риба. Во последно време исхраната ми е на растителна основа, иако секој месец или два јадам малку риба и пилешко. Нормално и вежбам, откри Тајсон.

Но, новата младост не може да и се препише само на исхраната и тренингот. Шпансккиот  весник „АС“ пишува дека се подложил на третман со матични клетки, кој се базира на крв од папочната врвца на новороденче, коскена срж или телесни масти.

-Имав висок крвен притисок, практично умирав и имав артритис. Кога ми извадија крв беше потполно црвена, а кога ја вратија беше проѕирна, скоро можеше да се види се низ неа, откриТајсон.

Шпанскиот „АС“  пишува дека ваквиот третман чини меѓу 5000 и 25.000 евра и дека на овој третман го направиле и Рафаел Надал и Кристијано Роналдо.