Таткото на убиената Халина Хачинс: Алек Болдвин не е виновен за трагедијата

399

Украинецот Анатолиј Андросович, таткото на убиената директорка на фотографија Халинa Хачинс, за првпат проговори во јавноста по трагедијата што му се случи на нивното семејство.

Сепак, тој не го обвинува Алек Болдвин за трагедијата.

„Сè уште не можеме да веруваме дека Халина е мртва. Нејзината мајка ќе полуди од тага. Сепак, не го сметам Алек Болдвин за одговорен. Одговорноста е на персоналот што ракува со реквизитите и оружјето“, рекол тој.

Анатолиј рекол дека Болдвин бил во контакт со сопругот на Халина, Метју. Тој сега се бори да ги натера неговата сопруга Олга и ќерката Светлана да летаат во САД за да го утешат деветгодишниот син на Метју и Халина, Андрос.

„Малото момче е многу погодено – изгубено е без мајка му“, заклучил тој.

Да потсетиме, режисерот на филмот „Rust“, Џоел Соуза, откри како точно дошло до трагичната несреќа во која холивудскиот актер Алек Болдвин ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс.

Според Соуза, Алек Болдвин вежбал сцена во која требало да покаже со револвер кон камерата, кога одеднаш пиштолот пукнал и ја убил директорката на фотографија, а го ранил режисерот на филмот.

На членовите на филмската екипа претходно им било кажано дека пиштолот е безбеден.

 

Бизарна трагедија на снимањето на вестернот „Rust“: Алек Болдвин на филмски сет ја убил директорката на фотографија и го ранил режисерот