Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, по повеќе од четири часа игра се пласираше во плуфиналето на грен слем турнирот Вимблдон. Тој во четвртфиналето во пет сета го совлада Американецот Тејлор Фритц со 6:3, 5:7, 6:3, 5:7, 6:7.

Меѓутоа за време на мечот, Шпанецот повторно се пожали на повреда и затоа не е познато дали ќе излезе на теренот во полуфиналето против Австралиецот Ник Кирјос. Тој по натпреварот призна и дека има проблеми со стомачните мускули и дека од неговиот тим му препорачале да го предаде мечот.

-Да, така е, ме замолија да го предадам натпреварот, особено татко ми. Не е лесно да се донесе таква одлука на натпревар. Го направив тоа неколку пати во кариерата, но тоа е навистина нешто што мразам да го правам. Продолжив да се борам. тоа е тоа, рече Надал.

Во вториот сет Рафа побара медицински тајм-аут, па се мачеше многу, пред се со својот сервис. И покрај сето тоа победи. Сега на патот до финалето му стој Австралиецот. Овој дуел е закажан за денеска попладне, иако Шпанецот се уште не знае дали ќе излезе на терен.

-Не можам да ви дадам јасен одговор на тоа прашање во моментов. Навикнат сум да играм со болки. Прво ќе одам на дополнителни прегледи. Ако сега кажам едно, а потоа се случи нешто друго би испаднал лажго, додаде Надал и откри што му кажале лекарите:

-Лекарите ми дадоа антиинфламаторни лекови, физиотерапевтот се обиде да ми ги опушти мускулите, но повреда од ваква природа не може да се санира така лесно. Сакав да го продолжам натпреварот и да дадам се од себе, сакав само да го завршам дуелот без разлика до конечниот исход.Се борев до крај, заврши Надал.