Во Регионалната СЕХА лига, годинава ќе учествуваат две екипи од Унгарија, откако челниците одлучија последниот билет да му го доделат на Татабања. До последно  беше неизвесно и постоеше шанса СЕХА да се прошири до Грција со учество на Олимпијакос, но изборот падна на Татабања, тим кој заедно со Веспрем ќе се натпреварува во регионалното натпреварување.

Од претходно е познато дека во новата сезона учество ќе земе и кинескиот тим Универзитет Пекинг, кој ќе биде домаќина во Хрватска. Имаше и најави дека Мотор поради политички причини нема да се натпреварува, меѓутоа украинскиот пшампион се најде на финалната листа.

Екипите во новата сезона ќе бидат поделени во две групи. Вардар ќе биде носител во групата А, во која ќе учествуваат уште и Нексе, Татран Прешов, Војводина, Татабања и Мотор. Во групата Б ќе се најде македонскиот вицепрвак Работник, заедно со европскиот вицешампион Веспрем, како и со екипите на Загреб, Брест Мешков, Металопластика и Универзитет Пекинг.

Натпреварите од новата сезона ќе стартуваат на 3 септември, а распоредот за првото коло ќе биде дополнително објавен.