Сурово убиство во Њујорк: Мајка застрелана во главата додека туркала количка со бебе

671

На Менхетен во населбата Апер Ист Сајд, во Њујорк, синоќа е извршено сурово убиство врз мајка која непосредно пред грозоморниот чин туркала количка со тримесечно бебе.

Убиецот и пришол одзади и ја застрелал во главата, а бебето за среќа не е повредено, наведува Си-Би-Ес.

Грозоморниот чин се случи неколку часа откако гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, објави пакет мерки насочени кон заострување на законите за поседување оружје во државата.