Сузана Турунџиeва потомка на војводата Турунџиев:Сфаќам зошто Турците кренале раце од нас, а градоначелничката на Битола итно да ги разреши недоразбирањата!

861

Нашата популарна пејачка, водителка и писателка и секако позната и како голема македонска патриотка Сузана Турунџиева деновиве е со причина огорчена и посрамена поради негрижата на битолчаните за споменикот на војводата Турунџиев, чиј таа е потомок: – Еххх Турунџе, јунаку над јунаците, се прашувам уште колку години ќе стоиш и ќе се распаѓаш на паркингот на Општина Битола.Кај што те донесоа и те заборавија… Зарем не знае Битола колку вредиш и што се си направил за оваа земја?

Зарем е битно кој бил на власт кога те нарачале, а кој дошол на власт кога требало да се исплати? Зарем не знаат дека си бесценет и дека власта се менува, ама твоите дела се бесмртни.

Сега сфаќам зошто Турците кренале раце од нас и си заминале… Не бива луѓе од нас… Македонецот нема поголем непријател од Македонецот, за жал.
Најверојатно треба да се обратиме на некој немакедонец, (на пример, на некој Турчин) кој повеќе знае кој бил Турунџе и што направил, за да помогне и да ги подмири трошоците за споменикот и да ни покаже дека не сме достојни да имаме нешто свое…

Како Битолчанка, а особено како потомка на Турунџе се срамам што не можам да го “препаркирам” на место подостојно од ова кај што го оставија и заборавија …
Го молам Советот на Општина Битола, градоначалничката која лично не ја познавам и сите одговорни лица најитно да го решат овој проблем, да ги разрешат недоразбирањата и да не му нанесуваат душевна болка на семејството на големиот војвода…../Д.М./