Судот за прекршоци во Будва одлучи:Подгоричанец ќе плати 1.100 евра, а македонски државјанин 20 дена затвор

184

Државјанинот на Северна Република М.С.(1977) од Скопје денеска е прогласен за виновен и осуден на 20 дена затвор бидејќи управувал возило во раните утрински часови под дејство на алкохол во концентрација од 2,23 г. кг, објави Марко Ѓукановиќ, претседател на судот за прекршоци во Будва.

„Во посебна постапка обвинетиот Ш.Т. (1999) од Подгорица е прогласен за виновен и казнет со 1.100 евра бидејќи претходната вечер управувал возило под дејство на алкохол со концентрација од 1,44 г/кг“, изјави Ѓукановиќ.

На двајцата обвинети, кои се повторници, им е изречена забрана за возење по четири месеци, а државјанин на Република Северна Македонија како странски државјанин без одлагање е испратен на издржување затворска казна во УИКС Спуж.