Студенти-членови на Младински образовен форум, со поддршка на Државниот  студентски дом Скопје го реставрираа спортското игралиште во дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“.

– Со оваа студентска акција се работеше на реновирање и на приспособнување на постоечкото спортско игралиште, кое неколку години не беше во функција. Игралиштето е обновено и целосно фуникционално, со што студентите добиваат простор за спортски активноси во текот на нивното домување во студентскиот дом „Гоце Делчев“ – истакна Мартина Илиевска од МОФ.

Директорот на ДСД, Дарио Николовски посочи дека од денеска спортското игралиште е официјално пуштено во употреба.

– Сите овие проекти ги реализиреаме заедно, ја продолжуваме соработката и во иднина. Ги охрабрувам сите организации коишто работит на проекти кои се од корист и за добро на студентите, да побараат наша поддршка – нагласи Николовски.

Акцијата за реновирање на игралиштето е спроведена во рамки на проектот „Студентски домови без корпуција“.