Стојанче Ангелов: „Заврши времето кога безгрижно си кршев ќерамиди со глава“

586

По вчерашното прогласување на кризна состојба на целата територија на Македонија, Стојанче Ангелов инаку в.д. директор на Центарот за управување со кризи, се огласи и на својот Фејсбук профил.

Во својата објава, Ангелов пишува дека завршило времето кога ги кршел ќерамидите од глава и дека сега раководи со Главниот Штаб за управување со кризната состојба предизвикана од Ковид 19.