Средствата од буџетот се пренаменуваат за комунални услуги

77

Општината Центар на вонредната електронска седница ја донесе одлуката за прераспределба на средствата од буџетот за 2020 година и нивна пренамена за комунални услуги.

Како што велат од Општина Центар, станува збор за осмата вонредна седница која се одржа по електронски пат, со што се испочитувани сите мерки и препораки од Владата и Министерството за здравство за заштита од ковид 19.