Србија ќе складира 500 милиони кубни метри гас во Унгарија

247

Србија и Унгарија официјално се договорија Србија да складира 500 милиони кубни метри гас во унгарските магацини. Министерот за финансии Синиша Мали по разговорот со унгарскиот министер за надворешни работи рече дека тоа ќе овозможи стабилност на снабдувањето во текот на зимата.

Србија освен складирање гас ќе може да купува и од Унгарија, но за цената никој не зборува.

„Затворањето на транзитните линии, без разлика дали се работи за транзит на гас – гас или транзит на нафта, мислам дека го поткопува единството на Европската унија, единството на Европа и безбедноста на Европа. Затоа, ние – Србите и Унгарците – сигурно ќе си обезбедиме меѓусебно непречен транзит на енергија“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијатро.