Спречен атентат врз турскиот претседател Ердоган/ВИДЕО

307

Турските разузнавачки агенции спречиле напад со бомба на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, така што откриле и демонтирале експлозивна направа поставена под полицискиот автомобил кој го следел Ердоган на патот кон Сирт на истокот на земјата. Бомбата е откриена утрово пред да тргне Ердоган на пат, но известено било дури попладне за да не се „крева паника“.

Турски Си-Ен-Ен објави дека уредот бил на далечинско, закачен на полициско возило задолжено за безбедност на групата во која бил и Ердоган, но двајца официри го откриле и го демонтирале.