Спортските игралишта со обновени кошеви

83

Oпштина Аеродром спроведува акција за обновување и поставување нови табли на кошевите на спортските игралишта низ целата нејзина територија.

Деновиве повеќе спортски игралишта добија обновени стаклени табли на кошевите, и тоа во близина на детските градинки „Лале“ и „Чекорче“, во дворот на основното училиште „Ѓоргија Пулевски“, како и игралиштето во близина на кулите на турската компанија „Џевахир“.

Општина Аеродром и во наредниот период ќе продолжи со ваквите активности за обнова и санација на реквизитите на спортските игралишта, за да се обезбедат подобри услови за спортување и јакнење на спортскиот дух.