Легендарните спортисти успешно ја чувале тајната дека во текот на кариерата користеле тешки дроги, а кога сè „излегло од контрола“ светот стана на нозе, грижејќи се за нивните пороци. Ние ви носиме некои од нив за кои широко се зборуваше низ целата планета.

Поранешната сопруга на легендарниот шведски тенисер Бјерн Борг, Лоредана Берта, крена прашина кога во својата автобиографија откри дека во „белиот спорт“ имало сè, па дури и дрога.

  • Кога Бјерн се враќаше од патувањата, земаше кокаин и размислуваше да оди на тенис, напиша Лоредана и го прозва Џон Мекинро:
  • Го видов Мекинро во Њујорк како лудува на концертот на Сантана, дури се обиде да се качи на бината за да пее со Карлос. Тој беше надуван, имаше секс со проститутки платени од Џим Белуши. Тие одеа заедно, застанаа пред еден клуб и прашаа: „Колку чини клубот? Сега е мој, го купувам“.

Тешките дроги во врвните спортови не се новости веќе долго време, а ова се само некои од најпознатите спортисти кои биле на кокаин, хероин…

ДИЕГО МАРАДОНА

Најдобриот фудбалер на сите времиња беше зависник од кокаин од 1980 до 2004 година. Во тоа време постојано се предозираше, имал сериозни проблеми со срцето, бил на работ на смртта и завршил на лекување поради зависност од кокаин.

Марадона продолжува да ја заинтригира јавноста со своето однесување, поради кое многумина се сомневаат дека е последица на земање на недозволени средства.

МАРТИНА ХИНГИС

Познатата швајцарска тенисерка ја заврши кариерата во 2007 година поради здравствените проблеми. Иако сè беше направено за да се прикрие вистинскиот проблем, сепак, вистината се откри дека таа година била позитивна на кокаин, иако никогаш не призна дека користела дрога.

  • Тестот покажа дека сум позитивна на кокаинот, но никогаш не земав дрога и сум сто отсто невина, истакна Хингис во тоа време.

МАЈК ТАЈСОН

„Челичната тупаница“, боксерот кој беше невозможно да се победи, призна дека понекогаш во рингот влегувал издрогиран за да ги издржи дуелите против силните противници. Тој користел и вештачки пенис исполнет со урина за да помине на допинг-контрола, а неговата зависност од кокаин започнала кога имал 11 години и кога за прв пат пробал бел прав.

ДЕНИС РОДМАН

Бројни НБА-ѕвезди земале дрога за време на нивната успешна кариера. Сепак, можеби најголемиот ас меѓу нив беше Денис Родман. Поранешниот кошаркар на Чикаго никогаш не призна дека користел кокаин, иако целиот свет знае дека сакал тешка дрога и сè што води кон луд и опуштен живот.

КЛАУДИО КАНИЏА

Десната рака на Диего Марадона, користел дрога многу често. Како играч на Рома, беше суспендиран на 13 месеци во 1993 година за употреба на кокаин, а откако ја дозна пресудата изјави: „Ако кокаинот е дрога, тогаш јас сум наркоман“.

Со Марадона беа како браќа, а сцената кога како играчи на Бока се бакнаа во уста по победата над Ривер во 1996 година ќе се памети засекогаш.

ПОЛ ГАСКОЊ

Познатиот англиски фудбалер, популарниот Газа, стана персонификација на падот во светот на спортот. Неколку пати бил третиран од зависност од алкохол, а во 2010 година бил уапсен за поседување кокаин. Сам призна дека пиел по литар џин на ден и дека постојано го комбинирал со кокаин.