Најдобриот македонски кајакар, Љубомир Спасиќ, по финалниот натпревар на Европскиот куп во Чешка го освои првото место во генералниот пласман за 2019 година на европската ранг – листа на која учество земаа над 200 натпреварувачи од 17 земји.

  • Во текот на оваа сезона настапив на натпреварите од европските купови во Скопје, Словенија, Германија, Шпанија, Италија и последниот и финален во Чешка. Во наредниот период од оваа сезона ми преостанува уште настап на светското првенство кое ќе се одржи во Шпанија на крајот на септември, изјави Спасиќ за „Вечер“.

Со овие настапи на Европските купови, Спасиќ испиша нова историја во македонскиот кајак на диви води во спуст, и како единствен натпреварувач кој успеа да се пласира на пет финални натпревари и притоа се задржи на самиот врв на ранг – листата.