Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

17

Според најновите податоци, во светот има 1.980.743 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 125.011 луѓе, а оздравеле 465.799.

Во Велика Британија, во последните 24 часа починале 778 луѓе од коронавирусот, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 12.107. Пријавени се уште 5.252 случаи на инфекција, така што заразени се вкупно 93.873 луѓе.

Во Италија, во изминатите 24 часа починаа 602 лица, со што бројот на смртните случаи достигна 21.067. Потврдени се 2.992 случаи во изминатите 24 часа, додека претходниот ден тој број беше 15.173. Ова е најмало дневно зголемување на бројот на заразени од 13 март. Во Италија досега се потврдени 162.488 случаи на заразени, со што таа земја е трета во светот, веднаш зад САД и Шпанија. На интензивна нега има 3.186 лица, додека во понеделникот бројот бил 3.260, што значи дека тој број се намалува за 11-ти последователен ден. Бројот на излекувани лица исто така се зголеми, од 35.435 вчера, на 37.130 денеска.

Чешката влада денеска го одобри планот за постепено отворање продавници и ресторани помеѓу 20 април и 8 јуни. Според планот, малите продавници ќе се отворат на 20 април, поголемите на 11 мај, додека рестораните и трговските центри повторно ќе се отворат на 8 јуни. Во Чешката Република досега се инфицирани 6.059 лица со вирусот Ковид-19, додека 147 починаа.

САД – Бројот на починатите од новиот коронавирус е над 24.000.Од речиси два милиона заразени во светот, во САД таа цифра е речиси 583 илјади. Во САД имаше во имзинатите 24 ачса околу 1.500 нови почионати. Во државата Њујорк има за 24 ачса 778 смртни случаи, вкупно 10.834. Тоа е зголемување во однос на вчера (671 починати).

Во Турција во изминатите 24 часа починаа 107 луѓе од коронавирусот. Вкупниот број е 1.403. Во тој период има нови 4.062 случаи на заразени, вкупно 65.111. Оздравени се 4.799 луѓе.

Во Франција во изминатите 24 часа починаа 541 човек. Од почетокот на епидемијата – над 5.600 во домови за нега на стари лица.

Нов Зеланд – во изминатите 24 ачса починаа четири лица и тоа е највисок број во еден ден.

Во Швајцарија во еден ден од компликации поврзани со коронавирусот починаа 36 луѓе, а дополнително се заразени 248.

Германија – Во изминатите 24 часа 67 починати и 1.028 новозаразени. Со тоа, вкупниот број на починати е 3.261

Извор:МИА