Сопругата на Хју Џекмен се огласи на гласовите:„Тој е геј веќе со години. И јас бев, ама на филм“

665

Хју Џекмен и Дебора Ли Фернес се во среќен брак веќе 24 години. И покрај тоа, околу славниот актер кружат гласови дека е всушност хомосексуалец. Неговата сопруга во едно од неодамнешните интервјуа проговори во врска со тоа.

Хју е геј веќе со години. И јас дури бев геј, знаете. Кога играв во филмот „Срам“, бев геј, а потоа луѓето се шокираа кога се омажив“, кажа таа на шега.

„Тоа е едноставно погрешно. Како некој да му каже на Елтн Џон дека е хетеросексуалец. Сигурна сум дека би бил бесен“, додала таа.

Извор:www.pagesix.com