Веќе неколку дена американската спортска јавност пишува за врската помеѓу поранешната сопруга на Скоти Пипен, Ларса (48), и синот на легендарниот НБА кошаркар Мајкл Џордан, Маркус (31).

Иако разликата во години е голема, сепак двојката повеќе не се крие од јавноста и се почесто ги „ловат“ како разменуваат нежности, иако на почетокот негираа за нивната врска.

Овој пат, познатиот спортски сајт „ТЗМ“ овој пат ја улови двојката на концерт, каде „паднаа“ бакнежи и прегратки.

Инаку, Мајкл Џордан и Скоти Пипен своевремено освојуваа прстени во НБА лигата со тимот на Чикаго, но по емитувањето на документарниот филм „Последниот танц“, каде се зборува за последната сезона на моќниот Чикаго, нивниот однос се олади. Скоти го обвини Мајкл дека неговата улога е ставена во лоша конотација, а од друга страна е презентирано дека Џордан е главен фактор за освојувањето на титулите на Чикаго.