Сончево и ветровито, попладне со изолирана појава на краткотраен дожд

45

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 33 степени.

Следува период на стабилно и топло време, со услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица, кога на места ќе го достигнат 40-тиот степен.