Солскер верува во Марсијал

375

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскер е уверен во напредокот на напаѓачот Ентони Марсијал. Оваа сезона Французинот постигна два гола на два натпревари.

  • Марсијал е човек кој сака да учи, да напредува и да постигнува повеќе голови. Тој има два гола во првите две кола, но тој ќе продолжи да напредува, изјави Солскер.

Шанса за трет погодок во новата сезона Марсијал ќе има в сабота кога Манчестер Јунајтед ќе го пречека Кристал Палас во рамките на 3. коло од Премиер лигата.