Со ножеви нападнат мажот на пејачката Јелена Карлеуша

1362

Мажот на мега популарната пејачка Јелена Карлеуша, српскиот фудбалер Душко Дуле Тошиќ физички е нападнат во центарот на Белград.
Душко и неговиот колега Андреја Милутиновиќ, координатор за физичка подготовка и рехабилитација на репрезентацијата на Србија, биле нападнати додека тренирале на “Калемегдан“.
Тошиќ и Милутиновиќ пријавиле напад, од хулиганите кои најпрво ги мавале со тешки лименки. Полицијата излегла на терен.Еден од оние кои ја гледале мачната сцена изјавил дека малолетниците покажувале и ножеви со кои му се заканувале на Дуле. Истрагата е во тек.Јелена не се огласи, но изворот на информацијата вели дека таа е дома со девојчињата многу потресена.

Дуле и Јеца и ова лето ќе одат на море

По тој повод се огласи и самиот фудбалер, сопругот на Карлеуша, кој на „Инстаграм стори“ напиша:
„За да ги спречам нагодувањата, точно е дека моите колеги фудбалери и јас бевме нападнати на утринскиот тренинг на “Калемегдан“. Не нападна група на хулигани која имаше ножеви и електро шокови. За среќа, сите завршија без големи последици, полицијата реагираше и успеа да ги уапси напаѓачите кои повредија една жена која случајно поминуваше“…..