Со „Крута“, „Суперхикс“ ќе го омекне жешкото лето

134

Летото е вистинска шанса за музичарите пред својата публика да излезат со нова песна, новото ЦД. Време во кое сите се опуштени и расположени, а добрата музика тоа уште повеќе го зашеќерува. Па, така и популарната група „Суперхикс банда инструментал“ деновиве го објави својот нов сингл насловен како „Крута“.

Необичен наслов за една песна. Снимена е во јуни оваа година во студиото „Тра-ла-ла-ла“ на Мите Димовски, а сега во право време го здогледува денот. Ова песна воедно ќе биде и првата од неколкуте нови синглови на „Суперхикс“, кои публиката со нетрпение ги чека. Во меѓувреме тие ќе настапуваат на концерти низ Македонија, а тоа ќе биде и одлична шанса песната „Крута“ да је промовираат во живо. И да ги омекнат оние некои крути, доколку има и такви, кој знае од кои причини.