Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович, одлучи да ја подобри атмосферата помеѓу кошаркарите и им забрани да користат мобилни телефони за време на заедничките вечери.

Искусниот стратег, за првпат во кариерата ќе го води дрим-тимот на едно големо натпреварување, а пред него е голем предизвик бидејќи голем дел од НБА ѕвездите го откажаа учеството на Мундобаскетот.

  • Често практикувам заедничка вечера со сите кошаркари на која одиме без телефони, како би можеле меѓусебно да разговараме. Разговараме, за сопругите, децата, девојките и така се зближуваме меѓусебно. Кога тимот е нов, едноставно потребни се вакви работи, изјави Попович.

Селекцијата на САД е во Е – групата заедно со Јапонија, Турција и Чешка.