Со коронавирус заразени над 35 милиони луѓе во светот

35

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, на крајот на декември минатата година, повеќе од 35 милиони луѓе во светот се заразени со овој вирус.

Според веб-страницата „Ворлдметерс“, вкупно 35.070,750 луѓе се заразени со коронавирус во светот.

Има 7.970.957 активни случаи, а повеќе од 66.000 пациенти се во критична состојба.

Досега оздравеле 26 милиони луѓе, а 1.036.413 луѓе починале како резултат на Ковид-19.

Најмногу заразени има во САД – речиси 7,6 милиони луѓе, потоа во Индија со 6,5 милиони и Бразил со скоро 4,9 милиони пациенти.