Со Берарди во ЛШ

39

Римскиот калчолигаш Лацио ќе се обиде до крајот на летниот преоден рок да ги осигура услугите на најдобриот фудбалер во дресот на Сасуоло, Доменико Берарди. Италијанските меидуми открија дека на репрезентативецот на Италија му се допаѓа идеата да игра и во Лигата на шампиони, а истите медиуми тврдат дека во следните неколку дена „светлосините“ ќе испратат официјална понуда која нема да биде помала од 20 мил. евра.