Официјално најстарата брачна двојка во поновата историја на човештвото, се раздели по смртта на Хулио Цезар Мора Тапија на 110-годишна возраст во неговиот дом во Кито, Еквадор. Неговата сопруга Валдрамина Мекловија Квинтерос Рејес е се уште жива и има 104 години.

Тие се венчале во 1941 година, а во август влегоа во Гинисовата книга на рекорди, како најстара брачна двојка во светот. Тие беа во брак 79 години и заедно имаа 214 години.

Според еквадорските медиуми, Тапија починал од „неспецифична деменција“.

Двојката имала пет деца, од кои секое завршило колеџ. Покрај пет деца, тие имаат и 11 внуци, 21 правнук и девет праправнуци.