Смилевски: Приходот на Општината Бутел зголемен за 32 проценти

120

Зголемување на приходот на Општината во изминатите две години  за 32 проценти, подобрување на сообраќајната инфраструктура, реализирани заеднички проекти со Град Скопје, подобрување на материјално-техничките услови во детските градинки и основните училишта, реконструкција на седумте основни училишта, исчистени 16 депонии се само дел од активностите на градоначалникот Велимир Смилевски за  периодот од две години од својот мандат, а во интерес на жителите на општината Бутел.

-Во рамките на своите активности за подобрување на сообраќајната инфраструктура на нашата  територија, во изминативе две години реконструиравме 20  сервисни улици во четири месни и урбани заедници, каде е поставен асфалт на вкупна површина од околу 13.000 квадратни метри во вредност од 21.929.164 денари. Направена е санација и крпење на ударни дупки на територија на општина Бутел со вкупен износ од 1.240.600 денари. Една од поважните инфраструктурни проекти  е реконструкција и проширување на патот од  Бутел до селото Љуботен, со должина  од 6 километри, чија вредност изнесува 12. 965.528 денари, средства од буџетот на Општина Бутел и 10.987.736,00 одобрени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој-информираше Смилевски.

Тој додаде дека во изминатите две години се изградени 10- тина пешачки патеки, во вкупна површина од 2.400 квадратни метри и вредност 5.709.158 денари.

– Покрај набројаните инфраструктурни зафати Оштина Бутел  го заврши уредувањето , заштита и регулација на оштетениот дел од  речното корито на река Серава, во должина од 170м1, при што се оформи каскадниот праг со вградување на бетон во површина од 21.305 м3 и вкупен износ од 6.846.991 денари. Изградена е оштетената  атмосферска канализација во селото Љуботен, со должина од 100 метри, со вкупен износ од 224.392 денари, поставена е решетка за регулирање на атмосферски води на крак од улицата „30“, во Љуботенски пат со вкупен износ од  300.000 денари, а изградена е атмосферска канализација со решетка на улица „Словенија 03“, со должина од 102м1, во вкупен износ од 356.728 денари-вели Смилевски.

Покрај реализација на капитални инвестиции за нормално функционирање на воспитниот  процес во детските градинките направена е и набавка на опрема во износ од 2.400.000 денари, додека реконструкцијата на сите седум  основните училишта, Општината ја чинеше 33.625.020 денари. Потрошени се 3.763.595 денари за набавка на опрема за училиштата.

За чистење на 16 депонии се одвоени 3.495.257 денари.

– Изградена е нова инсталација за осветлување на 19 локации  во должина од 3.382 метри со вкупна вредност од 17.693.808 денари, а  извршена е промена старите не еколошки 25 ватни светилки и поставени се нови каделабри со штедливи натриумови светилки од 70 вати-нагласи Смилевски. 

Изградени се две нови детски игралишта и реконструирани се 15 постоечки  со поставување на нова урбана опрема со вкупна вредност од  2.079.416 денари

Општина Бутел во изминативе две години беше домаќин на 10 културни манифестации кои го враќаат сјајот на Бутел.