Сметот ќе се подига само еднаш неделно

134

Јавното претпријатие „Коминална хигиена“Скопје испрати соопштение до Општина Гази Баба, со кое известува дека од сите индивидуални домаќинства, сметот ќе се подига само во четврток, петок и сабота.

Од Општината објаснуваат дека тоа значи оти, доколку во одредено населено место, досега сметот се подигал во четврток и во понеделник сега истиот ќе се подига само во четврток, во периодот од 07:00 до 14:00 часот.

Од локалната самоуправа упатуваат молба за разбирање и воедно апел до сите на рационално раководење со сметот по домаќинствата.