Словенија губи до 3,5 милијарди евра годишно поради корупција

26

Словенија губи до 3,5 милијарди евра годишно поради корупција, изјави Роберт Шуми, претседател на Комисијата за спречување на корупцијата, во пресрет на Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

Проценетата загуба од 3,5 милијарди евра годишно поради корупција е 13,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на Словенија, изјави тој пред новинарите, пренесува СТА.