Бајадерата е десерт за сите генерации и сите годишни времиња. Веројатно и вие сте љубител на добра домашна бајадера, чоколаден десерт кој е збогатен со мелени бадеми, лешници или ореви, што ѝ дава на бајадерата специфичен и препознатлив вкус.

Ви предлагаме да подготвите малку поинаков рецепт за бајадера – со кикирики.

Состојки:

  • 200 гр путер
  • 200 гр шеќер
  • 100 мл млеко
  • 200 гр чоколадо
  • 100 гр печени кикирики
  • 300 гр мелени кекси
  • 2 лажици масло

Подготовка:

На оган стопете го путерот, додадете шеќер, па кога ќе се соедини, додадете 100 гр чоколада, млеко, кекс и мелени кикирики (несолени, печени кикирики).

Ставете ја смесата во помала тава, измазнете ја, а потоа прелијте ја со глазура од 100 гр. чоколадо и две лажици масло.

Оставете ја да се излади, исечете ја на мали правоаголници…и уживајте во слаткиот вкус!