Еден од највлијателните магазини за патувања низ светот Conde Nast Traveler, го прогласи островот Сиаргaо на Филипините за најубав остров на светот.

Сиаргaо е еден од 7.000 острови кои го сочинуваат филипинскиот архипелаг. На овој остров кој е преполн со сокриени плажи и кристално чисти лагуни, живеат околу 200.000 луѓе. Познат е како одлична дестинација за сурфање, но има уште многу во понудата.

Дестинација која мора да се посети на Сиаргaо е Голиот остров, кој поради белиот песок изгледа како да е „фотошопиран“.

Популарни дестинации се островот Магпупунгку и водопадот Тактак, кои се сместени во близина на северниот врв на островот.

Според оценките на посетителите, на Сиаргaо постојат неколку исклучително убави летувалишта за туристите.