Шесткратниот шампион во НБА, Скоти Пипен, не е воодушевен од начинот на кој завршува сезоната. Поради пандемијата со кронавирусот, НБА реши плејофот да се игра во „меурот“ во Орландо. Пипен смета дека конкуренцијата и состојбата во лигата не е сериозна.

  • Искрено, ова што го гледаме во „меурот“ не е НБА. Ја нема онаа препознатлива борба, нема навивачи, нема патувања што можат да ви ја нарушат концентрацијата. Ова не е кошарка, ова е обичен баскет, истакна Пипен.