Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

19

Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе локации во градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“  кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 22.11.2021 до 26.11.2021 година зема 199 примероци за физичко-хемиска и 199 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Скопје.