Скопски џез фестивал: Настап на триото на џез-гитаристот Сашо Поповски

323

Скопскиот џез фестивал на 24 јануари ќе ја организира традиционалната јануарска годишна забава на којашто со настап ќе се претстави триото на џез-гитаристот Сашо Поповски, заедно со Иван Бејков, на контрабас и Виктор Филиповски, на тапани.

Забавата, на која ќе бидат промовирани новите календари на СЏФ за 2020 година, ќе се одржи во Клуб-ресторанот на Младинскиот културен центар, со почеток од 20:30 часот.

Влезот ќе биде слободен.