Клаудија Романи, според многумина, е најсексапилната судијка, а тоа нема да ве зачуди премногу доколку ги разгледате нејзините фотографии на социјалните мрежи.

Клаудија е прилично активна на „Инстаграм“ и не се срами да објави по некоја провокативна фотографија, на која во прв план се нејзините гради, но и останатите облини. Таа неодамна позираше за италијанското издание на „Плејбој“.

Инаку, своевремено беше во врска со легендарниот италијански напаѓач Филипо Инзаги, а со своето присуство на фудбалските натпревари создава збунетост меѓу играчите и публиката.

Клаудија беше прогласена и за една од најзгодните сто жени во светот, а нејзината страст кон фудбалското судење предизвика негативни коментари бидејќи според многумина не е пристрасна, со оглед на тоа дека е навивачка на Милан.