Започна Летната НБА-лига, а еден од новите кошаркари имаше деби за паметење и собори неколку рекорди. Чет Холмгрен, кој беше избран како втор пик на драфтот од Оклахома, постигна 23 поени со седум скока, четири асистенции и шест блокади во победата над Јута од 98:77, а наедно погоди четири тројки од шест обиди.

Со оваа одлична партија, тој стана првиот играч во историјата на Летната лига кој постигнал најмалку пет блокади и три тројки на ист натпревар, покажувајќи ја својата необична разновидност што го направила толку високо рангиран. Шесте блокади се, исто така, рекорд во Летната лига.

  • Само шест? И тоа е рекорд! Тогаш морам да се вратам и повторно да го соборам – истакна Холмгрен, кому не му недостигаше самодоверба.

Холмгрен е 20-годишен центар висок 216 сантиметри, но тежок помалку од 90 килограми, поради што изгледа како гранка покрај робусните НБА-играчи. Но, поради своите екстремно долги раце и одличната подвижност, тој е одличен блокер и во оваа рана фаза од кариерата, а недостигот на сила го надополнува играјќи подалеку од кошот и со мек надворешен удар.

За неговата самодоверба зборува и одговорот на прашањето што го доби пред два месеца за тоа кој е најдобар играч во НБА.

  • Јас, а тоа ќе го покажам за два месеца – истакна Чет без двоумење.