Светската пливачка федерација (ФИНА) се најде на удар од страна на олимписката шампионка од Рио де Жанеиро, Американката Лили Кинг (22), која ја обвини оваа организација дека не работи доволно во борба против допингот.

Американакта тврди дека кинескиот пливач Сун Јанг, кој исто така ќе настапи на Мундијалонт во Гванжу ( Јужна Кореја, ги уништил сите свои крвни примероци и затоа треба да биде суспендиран од сите натпреварувања. Но, нејзиниот гнев е насочен и кон руската пливачка Јулија Ефимова, која беше позитивна на допинг во 2014 година, потоа се врати во 2016 и повторно беше вплеткана во допинг скандал, но не и суспендирана.

Воопшто не ми се допаѓа како ФИНА се занимава со допинг контролите. Тие ќе треба да направат нешто по ова прашање. За сите нас е тажно што пливавме со изманици, а тиа настапуваат и на ова Светско првенство. Прво треба да им биде забранет настапот на оние кои ги уништуваат своите примероци од крвта, изјави Лили, која на ОИ во Рио го освои златниот медал на 100 метри, како и во штафетата 4х100.

Нејзина изјава доаѓа откако на трикратниот олимписки победник Сун Јанг не му беше изречена суспензија и покрај тоа што ги уништи своите крвни примероци. Тој е актуелен светски шампион на 200 и 400 метри, а освои и олимписко злато на 200, 400 у 1500 метри. Пред пет години падна на допинг тест поради што беше суспендиран на три месеци, и ја одлежа казната. Но, доколку повторно падне на допинг тест ќе се соочи со доживотна суспензија.