Сите го сакаат Бенасер

51
during the Serie A match between Udinese Calcio and AC Milan at Stadio Friuli on August 25, 2019 in Udine, Italy.

Францускиот гигант ПСЖ доби сериозна конкуренција во актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, кога е во прашање потписот на алжирскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Милан, Исмаел Бенасер.

Младиот играч за врска го привлече вниманието на европските гиганти со игрите кои ги прикажа во актуелната сезона, но потребната дозвола за да си замине од „Сан Сиро“ ќе ја добие само доколку заинтересираниот клуб ја активира ослободителната клаузула во неговиот договор вредна 50 мил. евра.