Сите го знаат како човек кој сака да носи злато, а сега носи и заштитна маска од злато

233

Шанкар Кураде од Индија го привлече вниманието на светската и индиската локална јавност кога за заштита од вирусот корона почнал да носи златна маска за лице – кога ќе се појави во јавноста предизвикува љубопитство меѓу локалните жители.

Сосема разбирливо, нели! – вредноста на оваа маска е речиси 4000 долари!

„До идејата да направам златна маска дојдов кога видов човек кој носеше сребрена маска. А, бидејќи го сакам златото и сакам да носам златен накит, тешки синџирчиња и големи прстени, помислив зошто да не носам и златна маска. Го замолив својот локален златар да ми направи златна маска. Маската тежи 2,5 килограми, а го чинела само 289.000 рупи, односно 3.869 долари, изјави Кураде.

Тој наведува дека маската има и дупчиња кои му овозможуваат непречено да дише, ама ука

Ал и дека и покрај маската се придржува до мерките за физичко растојание.

Маската има мали дупки заради полесно дишење. Ама, што се однесува до ефикасноста знам дека покрај тоа е потребно и одржување припишано растојание. Затоа кога излегувам надвор ја носам златната маска, ама и одржувам физичко растојание, изјавил тој.

Кураде вели дека во Махараштри, идиската држава каде што живее, љубовта на неговото семејство кон златото е познато, ама дека златната маска сепак привлекла внимание како меѓу локалното население така и кај медиумите.

„Во центарот на вниманието сум кога ќе се појавам во јавност со златната маска. Иако во оваа земја е позната фасцинацијата на моето семејство од златото, сепак златната маска е нешто сосема нова и предизвикува љубопитство кај многумина, вели Кураде.

Во Индија од почетокот на пандемијата се забележани повеќе од 650. 000 случаи на заболени од вирусот корона.

Инаку, во петокот во Индија беа забележани 22.700 новозаразени. Од почетокот на пандемијата службите за јавно здравје пријавила повеќе од 650.000 случаи на заразени, а бројот на починати во оваа земја се искачи на 18.600.

Извор:www.dhaktribune.com